Дома Фудбал Англија Артета потврди: Арсенал добива засилување во клучниот дел од сезоната

Артета потврди: Арсенал добива засилување во клучниот дел од сезоната

Фудбалерите на Арсенал влегоа во клучниот и најтешкиот дел од сезоната, а денеска тренерот на Арсенал, Микел Артета соопшти добра вест.

Дефанзивецот Јуријен Тимбер се опорави од тешката повреда на лигаментите на коленото и наскоро ќе се врати на терените.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Утрешниот дуел со Лутон му доаѓа прерано, но во текот на април Тимбер ќе добие минутажа во густиот распоред.

„Тимбер сè уште не е спремен, но тој ќе биде наскоро и тоа е одлична вест за нас“, изјави Артета.

За Арсенал е одлично што Артета во завршницата од сезоната ќе може да смета на сите свои играчи, секако ако во меѓувреме не дојде до некаква нова повреда.

Арсенал со Баерн Минхен ќе го игра двомечот од четврт-финалето на Лигата на шампионите, а во борбата за титулата го очекуваат три дербија со Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…