Дома Трансфер зона Реал ја пронајде замената за Крос: Еден од најдобрите фудбалери на Леверкузен

Реал ја пронајде замената за Крос: Еден од најдобрите фудбалери на Леверкузен

Реал Мадрид дефинитивно има намера да создаде тим кој ќе владее со европскиот фудбал во следната деценија.

Нова мета на „кралскиот“ клуб е Флоријан Вирц, еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен, пренесува угледниот германски „Билд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што се наведува, суперталентираниот 20-годишен офанзивен играч за врска ќе остане во Леверкузен уште една сезона, а потоа во летото 2025 година ќе се пресели во Реал како замена за својот постар сонародник Тони Крос.

Наводно зад целиот трансфер стои познатиот производител на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Вирц, но уште поважно долгогодишен спонзор на Реал, а многу слична улога имаше и при трансферот на Џуд Белингам од Дортмунд. .

Вирц оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и има 17 асистенции. Тој е еден од најважните играчи во „машинеријата“ на Чаби Алонсо, а би требало вистинско чудо да не ја прослави првата шампионска титула на Германија во клупската историја со Леверкузен.

Се очекува да биде и стартер во германската репрезентација на претстојното Европско првенство. Неговата сегашна вредност се проценува на 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …