Дома Топ вести Бразилците убедени: Нејмар може да се врати во Сантос – неговите последни потези се доказ!

Бразилците убедени: Нејмар може да се врати во Сантос – неговите последни потези се доказ!

Се погласни се најавите дека Нејмар ќе ја напушти Саудиска Арабија во 2025 година. Претходно се пишуваше за враќање во Барселона или преселба во Интер Мајами кај Меси и останатите екс-соиграчи од каталонскиот гигант.

Меѓутоа сега се најавува дека Нејмар ќе се врати во Бразил во неговиот Сантос и ќе ја носи „десетката“ на Пеле.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од кога е на операција и рехабилитација од повредата поради која ја заврши сезоната, Нејмар често ги следи натпреварите на Сантос. Нема дилеми дека навивачите сонуваат за вакво сценарио и според медиумите во Бразил тоа не е невозможно.

Сепак, треба да се почека да се види дали и навистина може да се реализира. Ќе потсетиме, Нејмар го напушти Сантос во 2013 година кога во Барселона ја започна својата европска авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…