Дома Останати Надал го прегази Киргиос и го престигна Род Лејвер

Надал го прегази Киргиос и го престигна Род Лејвер

Најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал ја освои титулата во Пекинг, откако во финалето го „прегази“ Ник Киргиос со 6:2 и 6:1 во сетови.

Клучен момент на финалето беше караницата што Австралиецот ја имаше со судијата при резултат 2-2, кога реагираше на една погрешна судиска одлука. Со видно нарушена концентрација, Киргиос направи неколку грешки, а Надал знаеше како да го искористи тоа и го доби првиот сет со 6-2. Потоа со брејк го почна и вториот и ја заврши дилемата околу победникот на турнирот.

Надал стигна до уште еден трофеј во 2017 година, а Киргиос ќе мора во наредниот еден месец да се избори на место на Мастерс Купот во Лондон.

Oваа титула е 75-та во кариерата на шпанскиот тенисер со што го надмина Род Лејвер и дојде на четвртото место по број на трофеи во модерната ера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познати се финалистите на УС Опен

Познати се финалистите на УС Опен во машка конкуренција – Александар Зверев и Бен Шелтон ќ…