Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот на АТП листата

Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот на АТП листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Мајами од Бугаринот, Григор Димитров.

Алкараз важеше за прв фаворит на турнирот бидејќи Ѓоковиќ одлучи да не настапи во Мајами, а со елиминацијата во четвртфиналето ќе загуби нови бодови на АТП листата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во претходната сезона Алкараз во Мајами играше полуфинале, па така бидејќи сега настапот го заврши една фаза претходно ќе загуби 160 поени. Ѓоковиќ така ќе ја зголеми предноста и ќе има 1.080 повеќе од Алкараз.

Јаник Синер кој игра во одлична форма од почетокот на 2024 година ако го освои турнирот ќе се доближи до Шпанецот на само 135 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…