Дома Фудбал Репрезентации Футсал репрезентацијата до 19 години ќе учествува на силен турнир во Хрватска

Футсал репрезентацијата до 19 години ќе учествува на силен турнир во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој ќе се одржи во Умаг, Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и САД до 18 години.

Во групата А од меѓународниот турнир се наоѓаат селекциите на Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора.

Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на 2. април со почеток во 18. часот.

Во второто коло кое е на програмата на 3. април играме со домаќинот Хрватска, во 18. часот.

На 5. април, со почеток во 13. часот ќе играме со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.

Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

-Кристијан Гавровски, Давид Тоневски, Петар Постоловски, Матеј Митровски, Марко Јанушев, Петар Каров, Драган Цветковски (голман), Убејд Бериш, Стефан Апостолоски, Илија Јанкуловски, Ивица Ангелески, Марио Јанев, Никола Стоимировски, Алек Тошевски (голман);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Никој не може да поверува на кого Меси му се јавил по поставениот рекорд на СП

Лионел Меси успеа на Светското првенство да сруши рекорд и да стане најдобар стрелец на си…