Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ планира да го пропушти овогодинешниот Вимблдон за подобро да се подготви за Олимписките игри во Париз (26 јули – 13 август) кои ќе се играат на земјена подлога
Оваа информација ја откри Крег Шапиро, американски режисер кој има свој тениски подкаст, во кој гостуваа многу големи имиња на „белиот спорт“. Тој на социјалните мрежи објави дека од луѓе блиски до Ноле слушнал дека светскиот рекет број еден веројатно нема да игра на Вимблдон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Новак ќе се фокусира на земјена подлога, не е сигурно дека ќе игра на Вимблдон бидејќи е исклучително фокусиран на освојување на олимпиското злато“, пишува Шапиро, кој моментално го следи турнирот во Мајами.
Ваквиот развој на настаните можеби е и сосема логичен и реален, почнувајќи од тоа што Новак го откажа учеството на Мастерсот во Мајами иако престојуваше во градот на Флорида. Сега ќе се подготвува за земјена подлога и прв турнир ќе му биде Монте Карло од 8 април. Не е познато дали ќе учествува на уште еден Мастерс, но сигурно е дека ќе учествува на Ролан Гарос (20 мај – 9 јуни), каде ја брани титулата.