Поранешниот дефанзивец на „Сините“ го советуваше својот сонародник да премине во редовите на Арсенал.
Сигурно се сеќавате на Алекс, дефанзивецот со исклучително силен удар кој најдобрите денови од кариерата ги помина на „Стенфрод Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алекс смета дека неговиот поранешен соиграч од ПСЖ, Лукас Моура не треба да губи време во Париз бидејќи неговата улога во клубот стана епизодна после пристигнувањето на Нејмар и Мбапе, а за тоа сведочи и податокот дека тој одигра само два натпревари оваа сезона.
Според Алекс идеален клуб за Моура во овој момент е Арсенал.
„Би сакал да го видам во Арсенал. Моура игра таков фудбал, тој е одличен техничар и сигурен сум дека би бил полн погодок и за двете страни“, изјави Алекс.