Јувентус не е задоволен од настапите на Филип Костиќ оваа сезона и постои можност тој да го напушти клубот на лето.
Костиќ пред две лета дојде во Јувентус како огромно засилување од Ајнтрахт, а во претходната сезона во која за „старата дама“ беше послаба од актуелната играше многу подобро од оваа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Само четири асистенции на 24 натпревари се јасен показател за неговата лоша форма, но можеби и не е единствениот виновник за такво нешто. Мора да му се постават одредени тактички прашања и на Масимилијано Алегри и дали го користи на вистински начин.
Како можна замена за Костиќ италијанските медиуми го споменуваат Патрик Дорга од редовите на Лече. Тој е еден од најдобрите фудбалери на овој тим, има 19 години и одлично работи на левата страна, иако нема импресивен настап кога е во прашање бројот на голови и асистенции.
Доргу постигна само еден гол и една асистенција, но важи за перспективен лев бек и интерес за него покажаа многу клубови.
Данецот кариерата ја започна во Нордсјеланд од каде дојде во помладите категории на Лече, но многу брзо се избори за место во првиот тим.