Дома Фудбал Германија Чаби Алонсо е желба на повеќе клубови, но од Баер имаат јасна порака

Чаби Алонсо е желба на повеќе клубови, но од Баер имаат јасна порака

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо работи одлично на клупата на Баер Леверкузен и поради тоа е голема желба на повеќе европски клубови, меѓутоа според последните најави тој би можел и да остане во германскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Генералниот директор на Баер, Фернандо Каро порача дека Алонсо има договор до 2026 година и поради тоа не се грижи дека тој ќе биде на клупата и наредната сезона.

„Договорот на Алонсо со нас е до 2026 година и поради нема причина да се сомневам дека ќе остане со нас. Во фудбалот никогаш не можете да знаете, меѓутоа јас сум полн со верба во себе и имаме добар однос“, изјави Каро.

Инаку, во медиумите се шпекулираше дека Алонсо има клазула според која може слободно да замине ако стигне понуда од неговите поранешнит клубови (Баерн, Ливерпул и Реал Мадрид), но засега тоа не е потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид го подготви најголемиот трансфер на ова лето! Мурињо го повика фудбалерот лично

Реал Мадрид направи голем чекор кон доведувањето на Родри од Манчестер Сити. Според информ…