Дома Фудбал Англија Официјално: Во Премиер лигата одземени бодови на уште еден тим

Официјално: Во Премиер лигата одземени бодови на уште еден тим

Фудбалскиот клуб Нотингем Форест остана без четири бода поради кршење на финансиските правила.

По сагата со Евертон, сега и Нотингем Форест „падна“ на тестот со финансиските агенти кои детално ги истражуваа документите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конкретно, тие ги прекршија правилата за профитабилност и одржливост и како резултат на тоа ќе паднат за четири бода на 18-то место на табелата со што Лутон оди над опасната зона.

Нотингем во последниот период е во лоша форма и има само една победа во последните пет дуели. Се очекува клубот да поднесе жалба, но прашање е колку ќе можат да ја сменат одлуката на прволигашката комисија.

Лутон со 22 поени е прв над „линијата“, а потоа следуваат Форест со 21, Барнли со 17 и Шефилд Јунајтед со 14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…