Италијанскиот Лацио изгледа брзо најде замена за Маурицио Сари, кој пред неколку дена изненадувачки поднесе оставка на функцијата тренер на тимот.
Како што објави Фабрицио Романо, наследник на Сари на клупата на Лацио е хрватскиот стручњак Игор Тудор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот хрватски репрезентативец постигнал договор со спортскиот директор на Лацио Маријано Фабијани и претседателот Клаудио Лотито.
Тудор, иако има само 45 години, во својата тренерска кариера веќе водешеседум клуба – Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона и Марсеј.
Договорот кој ќе го потпише со Лацио ќе биде со важност од година и пол со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Хрватот нема да го води тимот в сабота против Фросиноне и се очекува да започне со работа од понеделник.
Лацио е на деветтото место во италијанската Серија А, а на десет кола пред крајот на првенството е на осум бода од последното место кое води во Европа. Во Купот на Италија ќе се соочи со Јувентус во полуфиналниот двомеч.
🔵🦅 Igor Tudor, set to sign the contract as new Lazio manager to replace Sarri as documents are being prepared.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 15, 2024
Deal valid until June 2025 with an option for further season. pic.twitter.com/iEzJ04LWod