Според пишувањето на француските медиуми ПСЖ го направил првиот чекор за доведување на Виктор Осимен од Наполи.
ПСЖ е во потрага по нова ѕвезда во нападот како замена за Мбапе, кој заминува како слободен агент на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголема желба е токму Осимен, па ПСЖ веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата.
„Светците“ му нудат богат договор до 2029 година, а Осимен е спремен да ја прифати понудата.
ПСЖ ќе плати 130 милиони евра за неговиот потпис, колку што чини неговата откупна клаузула.