Барселона успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони, откако славеше против Наполи со 3:1.
Барселона фуриозно го започна натпреварот против Наполи и дојде до големо водство на самиот старт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Каталонците за само 60 секунди постигнаа два гола и во 18-та минута веќе имаа предност од 2:0. Најпрво погоди Фермин, а само една минута подоцна Кансело зголеми на 2:0.
Меѓутоа Наполи не се предаде и само неколку минути подоцна намали на 2:1 преку Рахмани и ја врати неизвесноста,
Во второто полувреме гледавме возбудлив меч и шанси на двете страни, а во 82-та минута Левандовски стави точка на мечот за конечни 3:1.