Дома Трансфер зона Лапорта е на потег: Тројца Германци фаворити за нов тренер на Барселона

Лапорта е на потег: Тројца Германци фаворити за нов тренер на Барселона


На лето, Барселона ќе добие нов тренер, откако актуелниот стратег Чави Ернандез најави свое заминување, а во трката за водењето на каталонскиот гигант се наоѓаат тројца Германци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информации од каталонскиот медиум “Спорт”, претседателот Жоан Лапорта внимателно ги разгледува опциите за нов тренер, а главните кандидати се Јулијан Нагелсман, Ханси Флик и Томас Тухел.

Лапорта сè уште не е донел конечна одлука, но во следниот период планира разговори со своите соработници, по што ќе биде јасно кој ќе го наследи Чави на кормилото на клубот.

Претходно со клупата на Барселона се поврзуваа и уште неколку имиња, меѓутоа во овој момент изгледа овие тројца се фаворитите на Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…