Дома Фудбал Останато Неверојатно: „Натрапник“ на тимската фотографија на Бразил (Фото)

Неверојатно: „Натрапник“ на тимската фотографија на Бразил (Фото)

Maрсело Мартинс Морено изминатата ноќ со својата Боливија играше против својот Бразил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Морено е напаѓач од Боливија кој настапувал и за младинските категории на Бразил, но набрзо сфатил дека за него нема место во сениорскиот тим на „кариоките“ па се свртел кон Боливија.

За оваа репрезентација постигна 15 голови, а како што кажавме изминатата ноќ играше натпревар против Бразил.

Ситуацијата поради која ја пишуваме оваа вест се случи пред почетокот натпреварот кој заврши со резултат 0:0.

Имено, Морено прво се сликаше со соиграчите од Боливија, а потоа на големо изненадување се сликаше и со националниот тим на Бразил.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Фернандо Гаго (40), поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Универсидад де Чил…