Дома Трансфер зона ПСЖ се разделува со играчот кој е во клубот 11 години?

ПСЖ се разделува со играчот кој е во клубот 11 години?

Пари Сен Жермен разгледува можност да дозволи на својот капитен, Маркињос, да го напушти тимот ова лето.

Оваа информација која пристигнува од Франција можеби е малку и изненандувачка ако се знае дека Маркињос се уште е еден од поважните играчи во тимот. Маркињос во ПСЖ е од 2013 година и во изминатите години прерасна во вистински лидер на одбраната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Веројатно потребата за освежување на одбраната ги доведе луѓето во клубот до размислување за ваков чекор, особено откако за време на повредите на Маркињос во последно време Лукас Ернандез и Лукас Бералд се покажаа во солидно светло.

Желбата е да се ангажира талентираниот Лени Јоро од Лил, за кого би требало да платат сума од околу 40 милиони евра, меѓутоа конкуренција за неговиот потпис ќе имаат и од Реал Мадрид.

Маркињос во моментов има договор со Пари Сен Жермен кој важи до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…