Дома Македонски спорт Познато зошто Елмас викендов беше заменет на полувремето

Познато зошто Елмас викендов беше заменет на полувремето

Викендов Елиф Елмас беше за првпат стартер во редовите на Лајпциг во натпреварот против Дармштад (2:0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, македонскиот репрезентативец одигра само едно полувреме, тренерот Марко Росе на паузата одлучи на негово место во игра да го уфрли Баумгатнер кој беше стрелец и на вториот гол.

Замената беше изненадувачка, меѓутоа Росе даде објаснување. Елмас играше добро и не разочара по првите 45 минути, а морал да биде заманет поради здравствени проблеми.

„Елмас одигра добро полуваме, можеше да се забележи дека беше мотивиран и полн со енергија и тоа е задоволувачки за мене.

На паузата ми кажа дека не се чувствува најдобро, се пожали на болки во стомакот и главата, па немав друг избор. Бев изненаден и јас, но не сакав ништо да ризикувам“, објасни стратегот на Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …