Зимскиот преоден рок заврши, а може да се заклучи дека ова беше еден од најнеинтересните преодни рокови во последните години.
Во еден таков преоден рок помеѓу најголемите трансфери се најде и оној на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој го замени Наполи со германски Лајпциг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Елмас за сума од 24 милиони евра потпиша за Лајпциг и добие место на четвртата позиција по висината на оштетата. Пред Елмас се Раду Драгушин кој премина од Џенова во Тотенхем (25 милиони евра), Саша Бој со преселбата од Галатасарај во Баерн (20 милиони евра) и Витор Роке кој го облече дресот на Барселона (40 милиони евра).
НАЈГОЛЕМИ 10 ТРАНСФЕРИ ВО ТОП 5 ПРВЕНСТВА:
Витор Роке (Атлетико Параненсе – Барселона) – 40 милиони евра
Саша Боеј (Галатасарај – Баерн Минхен) – 30 милиони евра
Раду Драгушин (Џенова – Тотенхем) – 25 милиони евра
Елиф Елмас (Наполи – Лајпциг) – 24 милиони евра
Ренан Лоди (Марсеј – Ал Хилал) – 23 милиони евра
Адам Вортон (Блекбурн – Кристал Палас) – 21,1 милиони евра
Лукас Бералдо (Сао Паоло – ПСЖ) – 20 милиони евра
Габриел Москардо (Коринтијанс – ПСЖ) – 20 милиони евра
Артур Вермирен (Антверпен – Атлетико Мадрид) – 18 милиони евра
Сирил Нгонге (Верона – Наполи) – 18 милиони евра