Дома Фудбал На Островот се најавува сензација: Англискиот селектор ќе биде наследник на Тен Хаг и носи голема ѕвезда?!

На Островот се најавува сензација: Англискиот селектор ќе биде наследник на Тен Хаг и носи голема ѕвезда?!

Англиските медиуми пишуваат дека Герет Саутгејт би можел да го преземе Манчестер јунајтед, затоа што управата на премиерлигашот немала повеќе доверба во Ерик Тен Хаг.

Саутгејт по доаѓањето во Манчестер би преговарал за ангажирање на еден од најдобрите фудбалери на „Гордиот Албион“, а тоа е Хари Кејн.

Кејн минатото лето потпиша за Баерн Минхен, но не е среќен во бундеслигашот поради случувањата во последниот период, а повторно е блиску до уште една сезона без освоен пехар.

Голгетерот е желба на „црвените ѓаволи“ веќе неколку години, но никогаш не успеаја да се договорат со Тотенхем за трансфер на Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…