Дома Фудбал Meдицинско чудо: Пред само десет месеци ќе го загубеше животот, а сега се враќа на терените!

Meдицинско чудо: Пред само десет месеци ќе го загубеше животот, а сега се враќа на терените!

Како што стојат работите, Шпанецот Серхио Рико во најбрзо време се очекува да се врати на терените и тоа само десет месеци по несреќата во која за малку ќе го загубеше животот.

Рико падна од коњ за време на одморот во Севиљата и 19 дена помина во кома. Вкупно во болница беше задржан десет недели, но сега се чувствува одлично и многу брзо изгледа ќе го видиме назад на теренот.

Голманот изрази желба да се врати помеѓу стативите и за тоа доби лекарска дозвола и пристигна во тренинг комплексот на гигантот од Париз. Се уште нема зелено светло за настап од клупските доктори, меѓутоа француските медиуми најавуваат дека тоа е само прашање на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола, но силна порака: Естевао бара поголема улога во Челси

Бразилецот блесна против Манчестер јунајтед и покажа што може да добие Челси со него и Пал…