Дома Фудбал Германија Легендарниот Лотар Матеус понуди изненадувачко решение за нов тренер на Баерн

Легендарниот Лотар Матеус понуди изненадувачко решение за нов тренер на Баерн

Томас Тухел на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата на Баерн Минхен и откако тоа е потврдено веќе денови наназад се шпекулира кој би можел да биде неговиот наследник.

Се споменуваа повеќе имиња, тука се: Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Антонио Конте, Жозе Мурињо, Ханси Флик, Унаи Емери, Јулијан Нагелсман…Во јавноста сега се огласи легендата на германскиот фудбал кој понуди и едно малку изненадувачко решение според сите споменати досега.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, според Матеус Себастијан Хенес кој има 41 година и одлично го води Штутгарт би можел да биде идеално решение.

„Тренер за кој верувам дека може одлично да го води Баерн Минхен е Хенес. Би требало да добие поддршка, неговото име доволно зборува. Хенес има ген на Баерн и прави фантастични работи со Штутгарт кој е блиску да го одведе во Лигата на шампионите“, објави Матеус.

Хенес ги водеше младите екипи на Лајпциг и Баерн, како и втората екипа на гигантот од Минхен, а од 2020 до 2022 година беше тренер на Хофенхај,. Штутгарт го презема пред една година и го спаси од испаѓање, а во овој момент тие се на третата позиција во Бундеслигата со 47 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…