Дома Останати Кошарка Доминација на Јокиќ. Погледнете ја чудесната партија на српскиот центар

Доминација на Јокиќ. Погледнете ја чудесната партија на српскиот центар

НИКОЛА ЈОКИЌ доминираше под кошевите на натпреварот во кој неговиот Денвер Нагетс ги победи Голден Стејт со 119:103.

Српскиот центар забележа трипл-дабл учинок на сите три средби по Ол-стар натпреварот, достигнувајќи го својот 18-ти таков учинок во сезоната и 122-ри во редовните натпревари. Овој трипл-дабл имаше посебно значење.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Јокиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 16 скока и 16 асистенции во седмата последователна победа на Нагетс против Голден Стејт и 10-та во последните 11 натпревари.

Тоа беше негов трет трипл-дабл во кариерата со учинок од 30+ поени и 15+ скокови и асистенции и со тоа го надмина легендарниот Вилт Чембрлен.

Само Оскар Робертсон постигнал повеќе вакви ефекти од Јокиќ низ историјата на НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во три четвртини забележа монструозен трипл-дабл (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс запишаа и четврта победа по ред, забележаа вкупно седма во се…