Дома Трансфер зона Јувентус се засили со аргентински талент

Јувентус се засили со аргентински талент

Eкипата на Јувентус можеби полека се откажува од битката за титулата во Серија А сезонава, но во Торино сериозно работат на создавање на тим за наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, денес клубот од Торино го потврди ангажманот на Мартин Браидо. Браидо е офанзивен фудбалер кој има само 16 години и во Јувентус пристигнува од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

Тој е првично ангажиран за академијата на Јувентус каде што ќе треба да се докаже за да добие шанса во првиот тим.

Аргентинските медиуми веќе го нарекуваа „новиот Дибала“, а исто така го следеше и Барселона. Јувентус за почеток му понуди договор на две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…