Дома Кошарка Скандалозна изјава на НБА аналитичар за смртта на Милојевиќ: Можеби ова е нешто што им беше потребно…

Скандалозна изјава на НБА аналитичар за смртта на Милојевиќ: Можеби ова е нешто што им беше потребно…

Поранешниот американски кошаркар, Ричард Џеферон во текот на натпреварот поемѓу Голден Стејт и Лос Анџелес Клиперс даде една проблематична изјава.

Вориорси неодамна доживеаа тежок емотивен момент со изненадувачката смрт на Дејан Милојевиќ кој беше дел од стручниот штаб. Во последниот месец тие како да ја подигнаа формата и се вклучија во битка за плеј-инот.

Џеферон кој работи како аналитичар за „ЕСПН“ ја коментираше добрата форма на тимот и таа ја поврза со смртта на Милојевиќ.

„Го поддржаа неговото семејство овој многу тежок момент. Ги видовте маиците, логото на паркетот, но колку и да се ова тажни вести од друга страна ова е нешто што можеби донесе големо заедништво на оваа група, можеби беше нешто што им недостасуваше во тој момент.

Ќе потсетиме, Милојевиќ почина на 17-ти јануари во Солт Лејк Сити како последица на срцев удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…