Дома Фудбал Останато Претседателот на Звезда најави: „Маракана“ под итно мора да биде срушен!

Претседателот на Звезда најави: „Маракана“ под итно мора да биде срушен!

Славниот белградски стадион „Маракана“ под итно би морал да биде срушен и негово место да се изгради нов модерен стадион, тврди претседателот на црвено-белите, Звездан Терзиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Терзиќ денеска прецизираше дека неговото излагање на Собранието одржано неодамна не било сфатено и клубот не планира преселба на стадионот кај белградскиот аеродром, туку таму треба да се гради само тренинг-центар.

„Според мене, поевтино и пофукционално е да го урнеме стадионот и на негово место да изградиме нов и тоа треба да го направиме колку што е можно побрзо. Се друго не би го решило проблемот“, изјави Терзиќ.

„Маракана“ која е најголем стадион во Србија изграден е во 1963 година и тој е вкопан во земја, а планот е да се изгради нов модерен стадион кој би се користел и за комерцијални содржини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пике удри по Кукуреља: Ова боли, навивачите нема да му простат!

Марк Кукуреља, 27-годишниот лев бек, потпиша договор со Реал Мадрид, што предизвика бројни…