Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва со неговиот Лајпциг го пречекува Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Елмас пред мечот даде интервју за „Марка“ каде откри дека негов омилен фудбалер од „кралскиот“ клуб е Лука Модриќ.
„Слушајте, јас сум од Балканот и може да има само еден избор, а тоа е од срце – Лука Модриќ. Се што постигна со Реал и Хрватска е неверојатно. Ја освои Златната топка. Не го велам тоа дека Реал нема многу големи играчи, но мојот фаворит е Лука. Знаете, тој е многу посебен за сите нас Балканците. За мене тој е број 1 за целото подрачје каде што беше Југославија. Секако дека имам негов дрес“, истакна Елмас.