Дома Останати Тенис Не крие: Алкараз сака да го сруши големиот сон на Ѓоковиќ

Не крие: Алкараз сака да го сруши големиот сон на Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ не ја крие желбата да ја израдува Србија и со златен медал на Летните олимписки игри во Париз.

Но, Србинот не е единствениот кој посакува годинава да се закити со олимписко злато, истата желба ја има и Карлос Алкараз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ако треба да бирам, годинава повеќе би сакал да го освојам олимпиското злато отколку „Ролан Гарос“, изјави Алкараз, кој најдобро се претстави на земјена подлога, пред почетокот на турнирот во Буенос Аирес, Аргентина.

Шпанскиот ас турнирот ќе го започне во второто коло, а противник ќе му биде победникот од дуелот во кој се среќаваат Перуанецот Хуан Пабло Вираљес и Аргентинецот Камило Сарабели.

Алкараз зборуваше и за своите долгорочни амбиции:

Ѓоковиќ и Синер моментално се главните ривали, за мене и за сите останати. Тука е Зверев, кој има позитивен скор со мене, но Ѓоковиќ и Синер се на врвот. Сè уште размислувам на 24 грен слем титули на Ѓоковиќ. Сакам да бидам амбициозен, да сонувам големи, па ќе видиме до каде ќе стигнам. Дали ќе стигнам до пет, можеби ќе останам на два, но јас неизбежно размислувам за тоа“ рече Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…