Дома Фудбал Англија Кој би бил идеална замена за Салах? Легендата на Ливерпул има решение

Кој би бил идеална замена за Салах? Легендата на Ливерпул има решение

Moхамед Салах на стартот на следната сезона ќе има 32 години и јасно е дека и понатаму ќе има што да даде за Ливерпул, но исто така и дека не треба да го очекуваме она што го гледавме во минатото.

Неговата иднина во Ливерпул не е баш сигурна. Има интерес од Саудиска Арабија и тој зачести во последната година, па не е исклучена можноста да биде продаден на крајот на сезоната без оглед на резултатите кои ќе ги постигне Ливерпул.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Легендарниот Џон Барнс смета дека знае кој фудбалер е решение за наследник на Салах ако тој замине.

„Секогаш сум го сакал Педро Нето. Ако барате профил на крилен играч кој би одговарал на Ливерпул тој е тој играч. Повеќе би одговарал на Ливерпул отколку на било кој друг клуб. Директен е, брз…до некаде како и Салах. Можам да го видам него во голем клуб“, изјави Барнс.

За Вулвс тој одигра 129 натпревар до сега од доаѓањето од Брага во 2019 година. Неговата вредност е околу 60 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…