Започнува трката за одличниот фудбалер на Наполи.
Фази Гулам веќе некое време важи за еден од најдобрите бекови во италијанската Серија А, а неговите добри настапи ги забележаа и клубовите од Шпанија и Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Па така покрај Јувентус кој покажа огромен интерес за овој фудбалер, тука се уште Ливерпул и Атлетико Мадрид, клубови кои ќе се обидат да го доведат Гулам веќе во јануари.
Бекот на Наполи, наскоро би требало да стави поптис на нов договор со клубот од Неапол, иако пред неколку месеци се пишуваше дека нема да ја продолжи соработката.
Гулам и неговиот агент Жорж Мендеш веќе се договорија со управата на клубот од „Сан Паоло“ во врска со примањата. Алжирецот ќе заработува три милиони евра годишно, но јасно е дека Гулам наскоро би можел да го напушти клубот, а се очекува во неговиот договор да биде вметната и откупна клазула и наводно таа би требало да изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.