Дома Фудбал Останато Меси е „персона нон-грата“ во Кина, па Аргентина го откажа мечот

Меси е „персона нон-грата“ во Кина, па Аргентина го откажа мечот

Репрезентациите на Аргентина и Нигерија следниот месец нема да одиграат пријателски натпревар во Гуангжу, бидејќи властите на тој град решија да го откажат натпреварот.

Причината за тоа е Лионел Меси, односно гневните навивачи кои би можеле да му се одмаздат на Аргентинецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меси пред неколку дена го пропушти пријателскиот натпревар во Хонг Конг, а потоа играше на мечот во Јапонија, па кинеските медиуми, политичари и навивачи го нападнаа Аргентинецот.

Организаторите на натпреварот во Хонг Конг најавија дека ќе вратат половина од парите од заработката на билетите за натпреварот меѓу Интер и репрезентацијата на Хонг Конг, бидејќи Меси не играл.

Се уште не е познато дали ќе биде откажан и вториот натпревар на Аргентина на кинеско тло во тој период, против Брегот на Слоновата коска во Пекинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Невил удри по Аморим: Неговите измени ги нарече бизарни

Познатиот Гери Невил остро ги критикуваше тактичките потези на Рубен Аморим во синоќешното…