Дома Фудбал Репрезентации Eрменците за групата во Лигата на Нации: Македонија е многу добар и фаворит за првото место

Eрменците за групата во Лигата на Нации: Македонија е многу добар и фаворит за првото место

Изминативе години фудбалската репрезентација на Македонија одигра многу натпревари против Ерменија, а нови дуели со оваа селекција ќе имаме и оваа година во Лигата на Нации.

Македонија и Ерменија се паднаа во иста група за новото издание во Лигата на Нации, а тука се уште селекциите на Фарски Острови и Летонија. Последниот меѓусебен дуел кој го игравме против Ерменија беше од пријателски карактер и на таа средба одиграна во Струмица славевме победа од 3:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Ерменија, Олександар Петраков зборуваше за очекувањата во групата и за него Македонија е прв фаворит за првото место.

„Имаме интересна група. Македонија е навистина добар тим и играше добро во квалификациите за Европското првенство. Денес нема слаби противници, сведоци бевме на многу квалитетни натпревари изминатата Лига на Нации. Според мене Македонија е фаворитот за првото место“, изјави Петраков.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски исто така ги кажа своите очекувањата за групата и посочи дека наша цел ќе биде првото место, но никако не ги потцени и противниците (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Ван Перси започна самостојна тренерска кариера

Поранешниот напаѓач, Робин Ван Перси започнува самостојна тренерска кариера и стави потпис…