Дома Останати Кошарка Повторно мешање на политиката во спортот: Ирски кошаркарки направија скандал против Израел

Повторно мешање на политиката во спортот: Ирски кошаркарки направија скандал против Израел

Натпреварот помеѓу кошаркарките на Израел и Република Ирска во рамките од квалидикациите за Евробаскетот се најде под истрага на ФИБА поради мешање на политиката во спортот.

Натпреварот требаше да се игра во ноември лани, меѓутоа поради ситуацијата во појасот Газа се одложи и се закажан на неутрална локација во летонски град Рига.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


На крајот средбата беше обележана со скандал. Имено, ирските кошаркарки одбиле да се поздрават со противничките и тренерите пред натпреварот, а не сакале ниту да ги разменат вообичаените подароци како што налага фер-плејот.

Израел случајот го пријави и конечната одлука ќе биде донесена подоцна откако ќе се разгледа се што делегатот на натпреварот навел во извештајот. Пред одигрувањето на натпреварот врз Кошаркарскиот сојуз на Ирска постоел голем притисок да не игра воопшто против Израел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со…