Дома Фудбал Анчелоти во големи проблеми: Реал не памети кога бил ослабен како сега пред дербито со Џирона

Анчелоти во големи проблеми: Реал не памети кога бил ослабен како сега пред дербито со Џирона

Едер Милитао, Давид Алаба, Антонио Рудигер, Начо Фернандез…ова е списокот на стоперите на Реал Мадрид, но и на оние кои нема да играат во саботното дерби против Џирона.

Реал в сабота од 18:30 часот во рамките од 24-тото коло во Ла Лига ја пречекува Џирона која е најголемото изненадување во европските првенства и се уште се бори со „кралевите“ за врвот на табелата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кралевите“ се лидер со 58 бодови, Жирона е втора со 56. Зад нив е Барселона со 50 и Атлетико со 48. Токму поради ваквата ситуација на табелата саботниот натпревар е еден од најважните во сезоната.

Ќе биде ослабена и Жирона бидејќи од клупата нема да ја предводи тренерот Мичел, а ќе отсуствува и стандардниот дефанзивец Дејли Блинд, но Реал нема ниту еден стопер.

На Милитао и Алаба кои беа од претходно повредени им се придружија: Рудигер и Начо. Шпанските медиуми најавуваат дека принудно во срцето на одбраната ќе играат Дани Карвахал и Орлиен Чуамени. На десната бековска позиција би требало да биде Лукас Васкез, а лево Ферланд Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…