Кристијан Ериксен ќе остане фудбалер на Манчестер Јунајтед барем до крајот на оваа сезона.
Иако преодниот рок за турските клубови се уште е во тек, Галатасарај мораше да се откаже од потенцијално доведување на легендарниот дански капитен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед беше примарна мета на Галата, но одлучено е сепак тој да остане на „Олд Трафорд“.
Ериксен имаше проблеми со повредите оваа сезона и пропушти цел месец по натпреварот против Лутон, а токму од тој ноември започна само три натпревари за Манчестер Јунајтед, па се поврзуваше со преселба во други клубови.
Договорот кој го има со Манчестер Јунајтед е со важност до јуни 2025 година, но реално е да се очекува да го напушти клубот веќе на лето.