Дома Фудбал ПСЖ го доведува Осимен како замена за Мбапе? Еве колку би чинел трансферот

ПСЖ го доведува Осимен како замена за Мбапе? Еве колку би чинел трансферот

Моментално најмногу шпекулации на трансфер пазарот има за Килијан Мбапе.

Договорот на феноменалниот 25-годишен Французин со ПСЖ истекува на лето и се очекува тој конечно да стане играч на Реал Мадрид согласно најавите кои траат долги години.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Па така, ПСЖ ќе мора да почне да го бара наследникот на Мбапе, а јасно е дека има само неколку играчи во светот кои можат да се обидат да ја пополнат таа празнина.

Италијанските и француските медиуми пишуваат дека врсникот на Мбапе Виктор Осимен моментално е на врвот на листата на Парижаните.

Нигерискиот напаѓач на Наполи неодамна потпиша договор до летото 2026. Причина за неговиот потпис беше посебна клаузула.

Имено, за да ја регулира пазарната вредност на својот напаѓач, Наполи го заштити со ослободителна клаузула од 112 милиони евра. Се чини дека ПСЖ ќе мора да ја плати таа цифра за да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…