Барселона би можела да добие големо засилување во наредните денови. Фантастичниот кошаркар Рики Рубио кажа „да“ на понудата на каталонскиот гигант и се очекува неговиот потпис.
Рики Рубио го шокираше спортскиот свет кога минатото лето најави привремено повлекување од кошарката. Причината беше проблем со депресија и 33-годишниот играч донесе одлука да престане да игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со месеци не се знаеше каде е и што прави пред да објави на почетокот на јануари дека засекогаш ја напушта НБА. Сепак, тој се враќа на кошарката и кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Феноменалниот дефанзивец веќе извесно време тренира со каталонскиот гигант.. Роџер Гримау реши да го ангажира, управата на Барселона му понуди договор и тој кажа „да“.
Барса нема да врши никаков притисок врз Рубио. За нив најважно е тој да е таму, да ја продолжи кариерата и нема сомнеж дека ќе претставува огромно засилување за каталонскиот гигант.