Спортскиот директор на Барселона, Деко призна дека е изненаден од одлуката на тренерот Чави да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Деко истакна дека клубот не барал Чави да замине и тие секогаш го поддржувале, одлуката за заминување ја донел самиот Чави.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе почна да се шпекулира и со неговиот наследник, а медиумите тврдат дека прв избор е Јирген Клоп.
„Клоп е врвен тренер, но сметам дека не е вистинско време да се зборува за тоа. Имаме многу опции, тој не е единствена за нас. Идниот тренер ќе го дискутираме кога ќе дојде време, сега е рано за такво нешто.Засега не сме контактирале никого, се уште се обидуваме да ја прифатиме одлуката на Чави. Јас нема сам да ја донесам одлуката за неговата замена, тоа ќе го направи клубот“, изјави Деко.