Дома Фудбал Останато Ракитиќ: Го избрав Ал Шабаб откако читав за историјата на овој клуб

Ракитиќ: Го избрав Ал Шабаб откако читав за историјата на овој клуб

Иван Ракитиќ е последниот фудбалер кој се пресели во Саудиска Арабија, Хрватот се одлучи да го носи дресот на Ал Шабаб.

Иако со 35 години се уште можеше да игра во Европа, Ракитиќ се одлучи да продолжи во Ал Шабаб, а сега внимание привлече со изјавата зошто го избрал овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Ал Шабаб Ракитиќ ќе заработува 15 милиони евра по сезона, а за самиот потпис доби пет милиони. Но, на официјалната прес-конференција зборуваше дека парите не одиграле улога во неговиот избор.

„Го избрав Ал Шабаб откако читав за клупската историја. Верувам дека е време за нов предизвик“, изјави Ракитиќ за клубот кој во својата историја шест пати бил шампион на Саудиска Арабија, но последен пат пред 12 години.

Интересена беше и неговата изјава за изборот на дресот со број 30.

„Моите омилени броеви се седум и десет, но откако дознав повеќе за Ал Шабаб и проекеот „Визија за Саудиска Арабија 2030“, го земав бројот 30. Тој е симбол на мојата преданост да ја поддржам оваа земја која вложува во фудбалот“, порача Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поради вакви работи фудбалот е посебен: По 110 години повторно го освоија купот во својата земја!

Екипата на Ројал Унион третпат во својата историја успеа да го освои Купот на Белгија, но …