Дома Македонски спорт Фудбалерот кој Работнички го продаде за еден милион евра ќе се докажува во хрватски второлигаш

Фудбалерот кој Работнички го продаде за еден милион евра ќе се докажува во хрватски второлигаш

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Даввид Тошевски по неуспешната епизода во Ростов денеска потпиша договор со австрискиот прволигаш Клагенфурт. Договорот има важност до јуни 2025 година, но Тошевски прво ќе игра во хрватската втора лига.

Најавите се дека претстојната пролет Тошевски ќе ја помине како позајмен фудбалер во Шибеник кој се натпреварува во втората лига во Хрватска.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Давид е еден талентиран напаѓач кој може да стане стандарден фудбалер во австриското првенство. Поради ситуацијата во Русија од септември нема никаков натпревар, па сакаме да му дадеме можност да се врати во ритам во Шибеник“, изјави директорот на австрискиот клуб, Пер Јекел.

Ќе потсетиме, Ростов на Работнички во 2020 за услугите на Тошевски му плати сума од еден милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …