Mакедонскиот фудбалер Давид Тошевски ја заврши епизодата во Полска каде што беше на позајмица во тимот на Горник Забже.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
20-годишниот напаѓач играше на позајмица во полскиот клуб од руски Ростов, но не успеа да стигне до редовна минутажа. Двете страни се договорија за раскинување на договорот за позајмица и тој кариерата ќе ја продолжи во Словачка.




Новиот клуб на Тошевски ќе биде Михаловце. Така Тошевски ќе биде уште еден Македонец во Фортуна лигата каде што веќе има неколоку наши интернационалци. И со овој тим Тошевски се договори за позајмица до месец декември 2022 година.




Од заминувањето од Работнички Тошевски покрај Горник настапуваше за Ростов и Тамбов.