Дома Фудбал Останато Eкс-фудбалерот на Ливерпул: Меси треба да биде нов тренер на Барселона

Eкс-фудбалерот на Ливерпул: Меси треба да биде нов тренер на Барселона

Чави Ернандез го напушта тренерското столче на Барселона на крајот на сезоната, а веќе неколку имиња се поврзуваат со кормилото на каталонскиот гигант.

На оваа тема разговараше и поранешниот член на Тотeнхем и Ливерпул, Дени Марфи кој кажа дека Барселона треба да го ангажира Лионел Меси за нов тренер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Јас би го поставил Меси за нов тренер на Барселона. Навивачите ќе го прифатат тоа. Мислам дека нема да запре и кога станува збор за тренерската работа“, вели Марфи.

Секако дека вакво нешто во овој момент е невозможно бидејќи Меси се уште е активен како играч, а претходно и самиот изјавуваше дека не се гледа себеси како тренер во иднина. Во шпанските медиуми денес се појави изненадувачка најава дека Лапорта размислува да го врати Франк Рајкард кој не е во фудбалот уште од 2013 година (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешниот португалскиот шампион исфрлен во петта лига!

Боависта, еден од само петте клуба кои некогаш ја освоиле португалската лига, е изваден во…