Акифеев и останатите руски голмани тренираат со специјални наочари кои ги користеше и НБА ѕвездата Стеф Кари.
Репрезентацијата на Русија е домаќин на Светското првенство во 2018 година, а репрезентативците на оваа земја се припремаат со необичен реквизит кој на тренинзите го користат голманите Игор Акифеев, Владимир Габулов и Андре Лунев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спред руските медиуми во прашање се наочари кои на прв поглед изгледаат како наочари за сонце, но всушност функционираат многу по сложено и имаат целосно поинаква намена.
Станува збор за таканаречен „строб“ наочари кои можат да направат објектот во видното поле (топката) да изгледа дека се движи многу побрзо отколку во реалноста. Покрај тоа на момент можат и да ја заслепат личноста која ги носи или да создадат илузија на целосен мрак, а сето тоа би требало да ја подобри координацијата на мозокот, очите и телото.