Хрватскиот фудбалер Иван Рактиќ (35) е нов играч на саудискиот Ал Шабаб. Ракитиќ според последните информации ги поминал лекарските прегледи и веднаш ја напуштил Севиља.
Со клубот од Саудиска Арабија тој потпишал договор до jуни 2025 година, а засега не е познато колкава оштета платиле саудијците на Севиља бидејќи неговиот договор имаше важност до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Трансфермаркт“, Ракитиќ вреди четири милиони евра и оваа сезона има 27 настапи, два гола и четири асистенции за 2037 минути поминати на паркетот. Во кариерата тој го носеше дресот на Базел, Шалке и Барселона, а за репрезентацијата на Хрватска запиша 106 настапи и постигна 15 голови.
Во овој момент Севиља е на 16-тото место на табелата и како што стојат работите клубот од Андалузија и актуелен освојувач на Лигата на Европа го чека борба за опстанок. Ал-Шабаб од друга страна е 11-ти во саудиското првенство.