Дома Фудбал Англија Покетино за заминувањето на Клоп: Бев шокиран…

Покетино за заминувањето на Клоп: Бев шокиран…

Tренерот на Челзи, Маурисио Покетино беше прилично изненаден од веста дека Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По тој повод искусниот стратег имаше убави зборови за германскиот стратег на прес-конференцијата по натпреварот помеѓу Челзи и Астон Вила во ФА Купот.

„Веќе ни недостасува. Бев шокиран кога ја видов таа вест. Кога добив отказ во Тотенхем, се сеќавам дека првата порака за поддршка ми пристигна токму од Клоп. Мораме да ја почитуваме неговата одлука. Секако сакам да искажам и почит бидејќи на неверојатен начин го водеше Ливерпул“, изјави Покетини.

Ќе потсетиме, Челзи и Астон Вила ремизираа 0:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во ФА Купот кој се играше во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Италијанските медиуми објавија дека полскиот напаѓач и играч на Барселона Роберт Левандовс…