Шпанската фудбалска асоцијација ги извлече двојките за полуфиналето во Купот на кралот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Битка за вториот трофеј по важност во Шпанија ќе водат четири екипи, а помеѓу нив е и Мајорка која на хартија изгледа како аутсајдер, но секако не смее да се отпише.
Во полуфиналето, Мајорка ќе игра против Реал Сосиедад, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао во дерби пресметката.
Медиумите во Шпанија најголеми шанси за освојување на Купот на Шпанија очекувано во отсуство на Реал и Барса кои беа елиминирани даваат на избраниците на Диего Симеоне.
Ќе потсетиме, минатата година купот го освои Реал Мадрид кој сезонава беше елиминиран од градскиот ривал.