Ромелу Лукаку оваа сезона игра во Рома како позајмен фудбалер од Челзи, но неговата иднина е неизвесна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рома нема да може да го откупи, а јасно е дека во Челзи за него нема место, па Лукаку со последната изјава ја отвори вратата за трансфер во Саудиска Арабија.
„Во следните две години мислам дека Саудиската лига ќе стане една од најдобрите во светот, ако не и најдобра. Клубовите прават големи напори да ги донесат најдобрите фудбалери тука. Тие напредуваат многу. Би можело да биде најдоброто натпреварување во светот“, изјави Лукаку.