Дома Фудбал Бензема конечно проговори: „Се е лага“

Бензема конечно проговори: „Се е лага“

Со денови се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата легендарниот Карим Бензема.

Медиумите го преселија во Челзи, Арсенал, Лион, вчера се појави информација дека и Манчестер Јунајтед го сака…

За сето ова време Французинот кој има астрономски договор со Ал Итихад не се огласи, а синоќа реши да стави крај на сите овие гласини и јасно стави до знаење дека нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, иако тренерот Марсело Гаљардо не го однесе на мини – подготовките за Дубаи.

„Чиста лага! Француските медиуми веќе не знаат што да измислат. Колку е поголема лагата, толку подобро“, одговори синоќа Бензема на прашањето дали ќе го напушти Ал Итихад.

Францускиот напаѓач минатата година по 14 сезони го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад, каде не пружа игри на кои се навикнати љубителите на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…