Дома Фудбал Потврден трансферот на Калвин Филипс – Конечно би можел да добие вистинска минутажа

Потврден трансферот на Калвин Филипс – Конечно би можел да добие вистинска минутажа

Англискиот фудбалер Калвин Филипс го напушти европскиот и англискиот шампион Манчестер Сити, но ќе остане во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити како сериозно засилување го донесе Филипс од Лидс, но тој воопшто не играше под водство на Пеп Гвардиола. Во оваа сезона забележа само 10 настапи и постигна еден гол.

Неговото заминување одамна го најави Пеп Гвардиола, прашање беше само со кој клуб ќе ја заврши сезоната. Иако имаше различни понуди на маса, на крајот Вест Хем беше прифатен.

Со заминувањето на Деклан Рајс, на „Чеканите“ им недостига играч на таа позиција, па решија да договорат позајмица со Сити за поранешниот играч на Лидс.

Вест Хем ќе има можност да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната. Фудбалерот денеска треба да направи лекарски преглед во Лондон и да потпише договор со новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…