Карим Бензема е главна тема на фудбалската јавност овој јануари откако предизвика скандал на Ал Итихад и изјави дека сака да ја напушти Саудиска Арабија. Челниците на Ал Итихад се револтирани од однесувањето на Бензема, кој на тој начин уништи неверојатен трансфер за овој клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, познато е дека Ал Итихад со месеци „кокетира“ со Мохамед Салах и се обидува да го доведе Египјанецот.
Очигледно преговорите одеа во добра насока и се подготвуваше теренот за пристигнувањето на Салах во Ал Итихад на лето, но како што стојат работите ништо од тоа.
Англиските медиуми пишуваат дека Салах видел што се случило со Бензема и не сака да го доживее тоа, поради што наводно се откажал од какви било преговори со тој клуб.
Салах сфатил дека во Саудиска Арабија не е сè толку магично како што изгледа. Покрај Бензема го виде и во примерите на поранешните соиграчи Џордан Хендерсон и Роберто Фирмино, кои по само неколку месеци ја напуштија таа земја и се вратија во Европа.
Сето ова му оди во прилог на Ливерпул, кој не сака да го загуби својот најдобар играч и на „Енфилд“ веќе подготвува нов договор за 31-годишниот Египќанец.
Салах има договор со „црвените“ до летото 2025 година, но Ливерпул сака да го продолжи неговиот договор на најмалку уште една година.